Македонски

За нас

Здравствената служба Мери (Merri Health) е динамична организација која што е лидер во своето поле , овозможувајќи низа на здравствени услуги и услуги за заедницата за луѓето од Морленд и од северните населби на Мелбурн .Здравствената служба Мери овозможува низа на услуги вклучувајќи :

  • Грижа за постари лица - Групи за планирани активности
  • Сродно здравство( Allied Health ) – Патологија на говор за возрасни , диететика , образование за дијабетис , медицински сестри во заедницата , ерготерапија , физиотерапија и педикерство
  • Служби за негуватели
  • Служби за раководење на случаи
  • Служби за деца аудиологија , ерготерапија , педијатрија ,говорна патологија и образование на родители
  • Советување
  • Грижа на заби
  • Семејни служби вклучувајќи советување за насилство во семејството и семејна терапија за членови од семејството кои се засегнати со проблеми со алкохолот и дрогата
  • Промоција на здравјето
  • M ентално здравје - програми за дневни активности , пристапување и поддршка за жителите на Службите за поддршка на домовите ( Supported Residential Services )
  • Програми за игли и шприцови во Бранзвик и Кобург
  • Привремена грижа
  • Социјална помош
  • Помош и советување на жртви
  • Служби за здравје на младината, вклучувајќи советување за алкохол и дрога , младински служби кои се фокусирани на школството и сексуално здравствено образование за оние со тешкотии при учењето .

ЗСЗМ фунционира низ 11 локации во Морленд и северните населби на Мелбурн . Ве молиме јавете се на 03 9387 6711 да закажете состанок . Преведувачки услуги можат да бидат организирани откако ќе се јавите.Работн o време е од 9 наутро до 5 попладне, од понеделник до петок .

Се плаќа незначителна сума за некои од нашите услуги.